2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски во официјална посета на Црна Гора

Претседателот Стево Пендаровски, денес и утре, ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора.

Во Подгорица, денеска, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора и заедничка прес-конференција на двајцата претседатели.

Во рамките на посетата претседателот Пендаровски ќе оствари средби со Здравко Кривокапиќ, претседател на владата на Република Црна Гора, и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на владата и мандатар за состав на нова влада на Црна Гора.

Утре, во Бар ќе се одржи свечена церемонија, на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде спомен-плочата на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

Утре изолирана појава на пороен дожд и грмежи, понеделник невреме низ речиси цела Македонија – Метеоцентар со детална прогноза

ДЕСК

Филипче ја предводеше делeгацијата на СДСМ во Крушево – Илинден е нашиот темел, да ја продолжиме борбата за Македонија!

ДЕСК

Изгореа неколку куќи во Лисиче, има повредени

ДЕСК