27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: Слободното земјиште оди на оглас, големи се субвенциите за пченица и сончоглед

„За 6 000 хектари земјоделско земјиште ќе објавиме оглас за прозиводство на житни култури, за пченица, постапката за доделување привршува и огласот ќе го објавиме наскоро и ова е една од мерктие која оди паралелно со другите мерки. Очекувам интерес, имаме 900 договори со земјоделците од сите региони. Го мапираме целото слободно земјиште за да знаеме што имаме на рапсолагање и што можеме да даваме на обработка. Сите овие парцели ќе ги ставиме во функција, а парлалено правиме мерки за помош на полјоделството.“- изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски во вестите на Сител.

„Ние го донесовме интервентниот фонд со 400 милиони денари кој ќе биде 600 милиони до крајот на годината. Ова е парлелно со редовните субвенции да го стимулираат прозиводството, но и принсот на житни култури. Инаку, ќе има по 4 000 денари за вештачко ѓубриво, за прихрана за пченицата за еден хектар насадена пченица. За сончогледот се добиваат по 2 500 денари за ѓубриво по еден хектар. Дополнително ги мотивараме земјоделците да остварат и принос, кај пченицата на остварен принос 4 000 килограми по хектар ќе добијат 5 700 денари дополнителна субвенција ако се предаде во преработувачките капацитети. Во однос на сончогледот ако оставарат приход од 1,5 тон по хектар, добиваат по 5 700 денари, а за да се осигураме дека производството ќе оди за масло за јадење тие ќе треба да го продадат на домашните производствени капацитети“ – дополни Николовски.