5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Граѓаните да не се грижат, имаме обезбедено доволно залихи од стратешките култури

„Денска започна увозот на пченица и реализацијата на договорите што ги имаме. Сакавме во процесот за надминување на кризата да се сретнеме со сите целни групи, со земјоделците, особено периодов заседаваше подсекторската група за жито за да имаме адекватни мерки како да се поставиме. Владата го донесе планот за производство на храна, а покрај планот мораме да се бориме за граѓаните да не се грижат, да нема паника и да обезбедиме доволни колични на стартешките култури. Еве Србија донесе одлукла за 100 илајди тони пченица, количината е доволна, оти пред нас е собирањето пченица од домашното производство.“- изјави министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, во вестите на Сител

„Оваа недела Србија ја тргна забрната и тој процес започна, во секојдневна комуникација сум со српските власти, следната седница на владата во Србија ќе поминат некои одлуки и ќе обезедиме рафинирано и нерафинирано масло за јадење. Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано. И сите тука имаме одговорност. Имаме доволно залихи, лично се уверив во тоа. Денеска тргаат пченицата и пченката, а следната недела очекувам и маслото.“ дополни Николовски.

Спонзорирано: