Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Спасовски: Секој што негира, минимизира или одобрува геноцид ќе биде кривично гонет

„Постои законска можност според Кривичниот законик дека секој кој негира, грубо минимизра, одобрува или оправдува геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства се казнува со казна од една до пет години“ изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21.

Тој додаде дека доколку делото исто така поттикнува омраза, дискриминација или насилство против одредена група, тогаш за сторителто е предвидена и казна затвор од најмалку четири години.

„Соопштението на МВР и Јавното обвинителство беше за конфликтот во Украина, но не мора да значи дека е само за овој конфликт, законот е за сите. Мора да се крева јавната свест и воените злосторства не може да бидат оправдувани“ рече Спасовски.

Министерот истакна дека тука не станува збор за цензура, бидејќи нема забрана за пишување, но ги повика граѓаните да внимаваат и да реагираат против ваквите негирања на воени злосторства против цивили и говор на омраза, бидејќи тоа може да предизвика посериозни последици во општеството.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Возач на пасат прегази велосипедист кој почина – шоферот побегнал, а возилото го оставил

ДЕСК

По победата на локалните избори, Билал Касами – иден претседател на ВЛЕН?

ДЕСК

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК