23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР: Одобрување или оправдување на воени злосторства е кривично дело, сторителите ќе бидат санкционирани

Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства е кривично дело предвидено во членот 407-а од Кривичниот законик.

Имено, законот предвидува дека тој што по пат на информационен систем јавно ги негира, грубо ги минимизира, ги одобрува и оправдува ваквите дела ќе се казни со затвор од една до пет години. Ако делото е сторено со намера за поттикнување омраза, дискриминација или насилство против некое лице или група на лица поради нивната национална, етничка или расна припадност или верска определба, сторителот ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години.

Во членот 404 од Кривичниот законик, пак, прецизно е наведено што опфаќа поимот воено злосторство против цивилно население.

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело.
Апелираме и до граѓаните кои ќе забележат вакви случаи да ги пријавуваат на меилот cybercrime@moi.gov.mk за соодветно постапување.

Можеби ќе ве интересира

Приведени крадци, фатени при извршување на кривичното дело

M T

„Кратки нозе“: Говорот на омраза е казниво дело

M T

ВИНОВНИ СЕ: Трајко Вељановски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

M T

Приведено едно лице, расчистено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин”

M T