Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Притвор за крадец од Скопје, расчистени пет тешки кражби и една тешка кражба во обид во куќи и станови во Скопје

Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Гази Баба при СВР Скопје, по преземени мерки и активности во врска со расчистување на сторени кривични дела тешки кражби од станови и куќи на подрачјето на Скопје, на 02.04.2022 во 19.00 часот на ул.„Разлошка“ го лишиле од слобода Р.В.(48) од Скопје.

По насока на Јавен обвинител и по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом, а со него бил извршен и службен разговор, при што било утврдено дека извршил пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба“ во обид во куќи и станови. Против него, на 03.04.2022 ЕВР Гази Баба поднесе кривична пријава за сторени шест кривични дела, а од страна на Судија на претходна постапка му била одредена мерка притвор.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК