Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

152 санкционирани возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (31.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, осум мерки за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за возач почетник, 55 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Сите нешто измислиле ама Мицкоски не сака да ја потпише Резолуцијата да нема мигранти

ДЕСК

Филипче: Власта брза со избори напролет за да го протне проектот мигранти за пари

ДЕСК

Филипче: ДПМНЕ е само подизведувач на политиките на Унгарија и Србија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.