Како мачката покажува дека ве сака – обрнете внимание на овие сигнали!
Иако многумина имаат предрасуди за мачките, сметајќи ги за лукави, себични и ладни животни, во споредба со кучињата – само сопствениците на мачки знаат колкаво е срцето на овие крзнени миленичиња. Дури е докажано дека предењето на мачката позитивно влијае на физичкото и менталното здравје на човекот.
Мачките имаат различни карактери, некои порано се опуштаат, покажуваат поголем интерес, некои сакаат повеќе, а некои помалку да се гушкаат, но имаат едно нешто заедничко – покажуваат дека ве сакаат на ист начин.
Постојат голем број знаци со кои мачката покажува наклонетост и љубов кон својот сопственик, а еден од најдоминантните е намигнувањето. Овој потег се нарекува „мачји бакнеж“. Ако мачката ги затвора и отвори очите додека ве гледа, тоа покажува дека многу ве сака.
Некои од другите знаци се мјаукање, односно кога и се обраќате на мачка, а таа одговара со мјаукање – комуникативна е и покажува дека има посебен однос со вас. Сигурно нема да бидете среќни кога мачка ќе остави глушец или гуштер пред вашата влезна врата, но на овој начин ви покажува колку е ловец, но и ви покажува љубов. За неа овој гест е еден вид подарок, односно плен што сака да го сподели со семејството, а за неа тоа сте вие.
Кога мачката претпочита да спие со вас во кревет, наместо во нејзиното место за спиење, тоа е знак дека и е потребно вашето присуство за да се чувствува безбедно, среќно и исполнето.