22. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

256 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.03.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 256 возачи. Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 153 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Партизацијата на М-НАВ и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се опасни за граѓаните

C +

ЦУК: Гори на планините Кожуф и Добра Вода, под контрола четири пожари

C +

Почувствуван земјотрес во југоисточните делови на Македонија, епицентарот во Грција

C +