5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спроведен Попис според сите европски статистички стандарди

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со првиот заменик-претседател на Владата Артан Груби, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министрите во Владата, за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за правда Никола Тупанчевски, за образование и наука Јетон Шаќири, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, заменик-министерот за одбрана Башким Хасани и за здравство Владимир Рендевски, денеска присуствуваа на свеченоста на која беа презентирани резултатите од Пописот 2021.

За резултатите, како и за придобивките од новата методологија, пред гостите, меѓу кои и имаше претставници на агенции, институции и организации, како и делегации на статистичките заводи и институти од земјите од регионот и претставници на дипломатскиот кор во Северна Македонија, говореа директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменик директорот на ДЗС Илми Селами и експертот за обработка на податоците Данило Доленц од Словенија.

Пописот на населението, домаќинствата и становите, што беше спроведен во периодот од 5 септември до 30 септември минатата годинa, како што беше речено на свеченоста, по речиси 20 години е успешно реализиран и дава релевантни информации за реалната состојба на населението, со што на државата и се овозможува да креира политики од интерес на граѓаните и бизнисот. Податоците од Пописот беа оценети како сигурни, веродостојни, валидни и корисни за планирање политики.

Сите податоци од пописот се поставени на веб страницата на ДЗС и во наредниот период ќе се објавуваат сукцесивно по сетови податоци.

Можеби ќе ве интересира

Средба Николоски – Сориано Ортиз: Авиолиниите Скопје – Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката меѓу двете држави

ДЕСК

На Клиниката за детски болести обезбеден дигитален мобилен рендген апарат со поддршка од Амбасадата на Jапонија

ДЕСК

Внук си ја нападнал бабата која имала 75 години – драма во Кисела Вода

ДЕСК