8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ аздисува со парите на граѓаните, градоначалниците трошат милиони евра за партиски вработувања

И во време на криза градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од расипничко трошење на парите на граѓаните, реагираат од партијата на власт.

Посочуваат дека само во пет општини раководени од ВМРО-ДПМНЕ ќе се потрошат над 1,2 милиони евра за партиски времени вработувања.

„Во Скопје, 670 илјади евра, во Бутел 200 илјади евра, во Ѓорче Петров 133 илјади евра, во Карпош 75 илјади евра, во Гази Баба 160 илјади евра. А токму овие градоначалници без трошка срам бараат пари од Владата предводена од СДСМ и се закануваат со некаква радикализација, а трошат илјадници евра на скапи телефони, чоколади и сокови. Повеќе од 1,2 милиони евра се сериозни пари со кои може да реализираат важни проекти, пари со кои може да им се помогне на граѓаните и на јавните претпријатија во справувањето со последиците од кризата“, се истакнува во писмената реакција од страна на СДСМ.

Но, на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ тоа не им паѓа на памет, додаваат од оваа партија, бидејќи, како што велат, единствено се грижат за исполнување на лични потреби и целосна партизација на општините во кои раководат.

„Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, оваа нереформирана партија останува симбол на криминал и расипништво“, истакнува владејачкиот СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Авион веднаш по полетувањето од скопскиот аеродром се судрил со јато птици по што се вратил и безбедно слетал

ДЕСК

Жената го прободе сопругот, а тој претходно ја фатил за врат – драматична ноќ во Македонија

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Млад скопјанец со автомобил удрил во бетонска жардињера, со болничка е пренесен во градска

ДЕСК