7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
вестТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Поскапуваат горивата – ова се новите цени

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д- Е V), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 87,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 84,00 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

„Гардијан“: ЕУ е гигант што се однесува како глушец пред САД

C +

Трамп драстично ги зголеми тарифите за Индија поради руската нафта

C +

Третина од контролираните субјекти биле со неправилности – УЈП напиша 66 глоби, затвори неколку објекти кои го повториле делото

ДЕСК