„Продолжуваме со активности во делот на утврдување на даночни обврнизици кои ги немаат подесено фискалните апарати за намалената даночна стапка. Повеќе од 300 колеги од УЈП се во сите подржуници на КАМ маркетите, каде се утврдени неправилности“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Топ тема“ на Телма.
Таа додаде дека по теренските контроли и пријавите од граѓаните, уведени се неправилности во КАМ маркетите поради што се контролираат 84 објекти во целата држава.
„Дел од основните производи не беа ставени во ставката Г каде што требаше. Во одредени деловни единици постои ставката и сите се ставени, но во одредени не се почитува до крај. За сите, но особено за големите даночни обврзници е неспорно дека мора да ги почитуваат законските обврски“ рече Лукаревска.
Таа додаде дека се прави генерална контрола за да се испита и дали има разлика во материјалното и финансико работење со сметководствената евиденција.
„Добивме огромен број на поплаки од граѓани. Будно ја следиме целата ситуација“ рече Лукаревска.