Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

283 санкционирани возачи во Скопје, 95 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 283 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 95 санкции, 45 мерки за возење под дејство на алкохол, 41 санкција за возење без возачка дозвола.

Изречени се 15 мерки за користење мобилен телефон, 16 санкции за некористење сигурносен појас, 12 мерки за возач почетник, седум санкции за нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во Скопје – се пукало кон куќа кон скопјанец

ДЕСК

Повеќемина повредени во тешка сообраќајка среде Скопје

ДЕСК

Масовна тепачка среде Тетово, има ранет

ДЕСК