24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Апсењето на нивната земјоделска инспекторка фатена со поткуп го погоди ВМРО-ДПМНЕ, го напаѓаат Спасовски за да ги заштитат криминалците

Соопштение на СДСМ:

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што полицијата ефикасно и неселективно се бори против секаков вид криминал.

Официјални податоци ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

За само два месеца запленети околу 1.2 тона психотропни супстанци за производство на амфетамин со вредност од околу 200 милиони евра.

За само два месеца запленети над 2 тона марихуана со вредност од околу 4,5 милиони евра а постојано се приведуваат крадци, разбојници, дилери, криминалци барани со потерници.

Се постапува и се апсат лица за корупција како што беше вчерашниот случај со инспекторката во Инспекторатот за земјоделие во Прилеп.

Граѓаните се чувствуваат безбедни и тоа го покажуваат сите анкети каде расте довербата во полицијата, а Северна Македонија е најбезбедна земја во регионот, покажуваат релевантни меѓународни истражувања

Ваквата силна борба против криминалот очигледно и пречи само на ВМРО-ДПМНЕ, партијата заштитник на криминалците.