Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Во време на најголема светска енергетска и економска криза, предизвикана од агресијата врз Украина, Владата предводена од СДСМ континуирани презема мерки за заштита на стандардот на граѓаните и помош на стопанството.
Антикризните мерки вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат, стабилизирани се цените на храната и горивата, граѓаните финансиски се поддржани во време на криза.
Минималната плата ја зголемувме, пензиите ги зголемуваме за досега највисоко ниво, ја субвенционираме струјата за граѓаните да не плаќаат поскапа струја. Сите институции се задолжени и веќе спроведуваат и мерки за штедење.
Тоа е одговорноста на СДСМ, во време на криза да се штеди а сите пари да се насочат кон финансиска поддршка на граѓаните и стопанството.
Од друга страна е расипништвото на ВМРО-ДППМНЕ. Градоначалниците од оваа партија не само што ништо не работат расипнички ги трошат парите на граѓаните.
Само четири општини раководени од градоначлниците на ВМРО-ДПМНЕ годинава, во време на најголема криза ќе потрошат речиси еден милион евра за партиски вработувања.
Наместо за конкретни проекти, наместо за помош на граѓаните, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ аздисуваат со парите, ги трошат на непродуктивни расходи и за партиски вработувања.
Во тоа предничи Данела Арсовска која од буџетот на Град Скопје ќе потроши 670.000 евра за времени вработувања. Тоа е истата Арсовска која немаше пари да им помогне на скопјани за парното.
Потоа следи Бобан Стефковски кој за истата цел од буџетот на општина Гази Баба ќе потроши 200.000 евра народни пари.
Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода за вдомување на партиски кадри и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ годинава ќе потроши 100.000 а неговиот колега од Ѓорче Петров, Александар Стојковски за партиски вработувања ќе потроши над 25.000 евра.
Еден милион евра се сериозни средства со кои може да се реализираат десетици проекти или конкретно да им се помогне на одредени категории граѓани во време на криза.
Мицкоски за ова расипништво молчи, не собра храброст ниту јавно да ги повика да прекинат со трошењето на парите и да ги пренаменат за потребите на граѓаните.
Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата нереформирана партија која неодговорно се однесува со парите на граѓаните а расипништвото е нејзин симбол.