12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Мицкоски треба да даде оставка по признанијата во случајот ,,Титаник“

Одговор на новинарско прашање на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска – реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ:

За прашањето по однос на слулчајот „Рекет“, сакам да кажам дека станува збор за судски предмет, јавноста знае дека се очекува и судска одлука и не би сакала да го коментирам токму тој дел.

Но, она што можеме да кажеме е дека ВМРО-ДПМНЕ додека се занимава со паушални обвинувања, конечно, нека излезат и нека побараат оставка од Христијан Мицкоски и од сите други осудени и обвинети во судски предмети, а најголем доказ е случајот „Титаник“ каде има обвинети, поранешни и сегашни функционери како и осудени за тоа како 11 години ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификувале волјата на граѓаните и сите тие години вештачки се одржувале на власт.

Христијан Мицкоски во тоа време беше советник на Никола Груевски и негов Генерален Секретар во ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е она што треба да го одговори ВМРО-ДПМНЕ и со што треба да се занимава.