25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

(ФОТО) Фатена со куп кеш: Приведена земјоделска инспекторка во Прилеп поради примање поткуп

Денеска (18.03.2022) во 09.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик. Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени.

В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО и ВИДЕО) Светна Телекомуникациската кула веднаш до Милениумскиот крст – повисока е од него, а ќе има и ресторан кој ќе врти 360 степени за 1 час

ДЕСК

Температурите повторно одат нагоре: Синоптичарите објавија временска прогноза – пеколно жешко и до 37°C

ДЕСК

Работник – српски државјанин повреден при градежни активности во Гевгелија

ДЕСК