23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ДУИ: Албанскиот јазик во полициските униформи, одраз на принципот на рамноправност

Демократската Унија за Интеграција смета дека усвојувањето на Уредбата од страна на Владата со која се официјализира употребата на албанскиот јазик во полициските униформи е од големо значење.

ДУИ наведе дека со оваа одлука со која се овозможува полициските униформи да се и на албански јазик, е исполнета уште една обврска која произлегува од Охридскиот Рамковен Договор и која е во согласност со Законот за употреба на албанскиот јазик донесен од страна на Собранието.

„Оваа владина уредба е уште еден чекор кон исполнување на законската обврска, но и за зголемување на довербата меѓу полицијата и граѓаните, бидејќи оваа доверба ќе има уште поголемо влијание врз лојалноста на граѓаните и општествена кохезија и создавање и изградба на демократските институции во државата“, велат од ДУИ.

Демократската Унија за Интеграција констатира дека е успешно завршена уште една задача согласно Уставот и Законот, што е одраз на
принципиелното спроведување на начелата на еднаквост како гаранција за напредокот на нашата земја за еднакво општество чија цел е интеграцијата на земјата во големото европско семејство.