Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Трагедија ја потресе Македонија: Осумгодишно девојче пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи, лекарите не можеле да сторат ништо

Голема трагедија ја потресе Македонија. Малолетно лице синоќа е пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи кај село Долно Косоврати.

Според полицијата синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице.

Од МВР велат дека по извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински преглед не се констатирани траги на насилство, по што јавен обвинител дал насока телото на починатото лице да биде предадено на семејството.

Информациите велат дека се работи за осумгодишно девојче кое било починато донесено во болница, а лекарите не успеале да го спасат.

Можеби ќе ве интересира

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК