24. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСвест

Честитки пензионери, усвоени се законските измени, следува историски највисок раст на пензиите – порачаа од СДСМ

Соопштение на СДСМ:

СДСМ продолжува со вистинска грижа за пензионерите.

Собранието вечерва ги усвои измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кои се обебзедува одржлив и континуиран раст на пензиите.

Со измените на Законот, растот на пензиите ќе се усогласува по два односи, односно со порастот на трошоците за живот и растот на просечната плата.

Усогласувањето ќе се спроведува на први март и први септември секоја година.

Тоа значи дека веќе од овој септември околу 330.000 пензионери ќе добијат историско највисоко зголемување на пензиите, кои во просек ќе растат по околу 900 денари.

Со ова законско решение се обезбедува одржливо решение за континуиран раст на пензиите, растот на пензиите веќе никогаш нема да зависи од политичката волја на владејачките коалиции, како што тоа беше пред неколку години.

Дополнително, како дел од антикризните мерки, за месеците април, мај и јуни секој пензионер ќе добива дополнителни 1.000 денари на својата пензија.

СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат со мерки и решенија кои на дело ја потврдуваат вистинската грижа за сите категории граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Пакомак го прослави големиот јубилеј: 15 години создаваме зелени навики за здрава и чиста животна средина

C +

Електродистрибуција инвестираше 30 милиони евра во првите шест месеци од годината

C +

Институтот на сметководители и овластени сметководители и Македонската берза потпишаа Меморандум за соработка

C +