Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Ковачевски: Честитки за пензионерите! Законските измени кои ќе обезбедат повисоки пензии и континуиран раст во иднина, вечерва се изгласа во Собранието!

Фејсбук статус на премиерот Димитар Ковачевски:

Честитки за пензионерите! Законските измени кои ќе обезбедат повисоки пензии и континуиран раст во иднина, вечерва се изгласа во Собранието. Речиси 330.000 пензионери ќе имаат историски највисоки пензии и во просек во домашниот буџет ќе имаат околу 12.000 денари повеќе на крајот на годината.

Воедно, со финансиска поддршка обезбедена за наредните 3 месеци, пензионерите ќе имаат и дополнителни 3000 денари за справување со последиците од кризата.

Ветувањата кои ги дадовме, брзо и ефикасно ги остваруваме. Грижата за животниот стандард и квалитетот на живот, ни е приоритет.
Честитки уште еднаш и на пензионерите им посакувам здравје и среќни и радосни денови со новите повисоки пензии.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕТО ЌЕ ИМ ОТСТАПИ МЕСТО НА ДОЖДОВНИТЕ ОБЛАЦИ – Какво време нè очекува денеска?

ДЕСК

НАПАДНАТ 19-ГОДИШНИК ВО ОХРИД – Инцидент во угостителски објект на кеј „Македонија“

ДЕСК

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК