7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице од Скопје барано за криумчарење на мигранти

На 13.03.2022 во 13.00 часот на автопат А1 кај клучка Миравци, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Богородица, лишен е од слобода Р.А.(22) од Скопје.

При контрола на патничко возило „фолксваген венто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.З.(23) од Скопје, а во кое како сопатник бил Р.А., било констатирано дека се бара во врска со сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, казниво по чл.418-б од Кривичниот законик.

Р.А. е приведен и задржан во полициска станица во ОВР Гевгелија и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани

ДЕСК

Филипче и Герасимовски го кренаа Центар на нозе – погледнете ја атмосферата

ДЕСК

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

ДЕСК