7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Признанието на Арсовска за диловите на Мицкоски нова причина институциите да го истражат случајот

Арсовска вчера ги потврди диловите кои Христијан Мицкоски јавно ги соопшти, за тендери за автобуси во Скопје, велат од СДСМ.

Според партијата на власт, Арсовска нема одговор од кого Мицкоски добил овластување и во кое својство, како претседател на политичка партија преговара за јавна набавка на локална самоуправа со парите на скопјани.

Јавноста, посочуваат од СДСМ, заслужува да знае дали реализацијата на проектот БРТ за еколошки и ефикасен јавен транспорт во Скопје е стопиран од Арсовска заради диловите на Мицкоски?

Додаваат дека признанието на Арсовска отвара сериозен сомнеж за корупција и криминал и претставува дополнителна причина надлежните институции да постапат и да го истражат овој случај.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: На нечесноста од ДУИ ќе одговориме сложно, сите кичевчани

ДЕСК

Филипче и Герасимовски го кренаа Центар на нозе – погледнете ја атмосферата

ДЕСК

Филипче: Државата пола ни се исели а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

ДЕСК