25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Одлична комбинација: Чоколаден колач со кикиритки

Чоколадото и кикиритките се совршен пар.

Не е чудно што оваа комбинација на вкусови може да се најде во многу десерти, како и во оваа торта која многу лесно се подготвува.

Состојки:

220 гр брашно

200 гр кафеав шеќер

200 гр бел шеќер

225 мл матеница

150 ml растително масло

120 ml топла вода

115 гр стопен путер

75 g темно какао во прав

2 големи јајца

2 лажички екстракт од ванила

1,5 лажички сода бикарбона

За фил:

750 гр шеќер во прав

500 гр путер од кикирики

450 гр омекнат путер

2 лажички екстракт од ванила

2-4 лажици млеко

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Сувите состојки за бисквит добро измешајте ги во еден сад: брашно, шеќер, какао и сода бикарбона. Додадете ги јајцата, маслото, растопениот путер и екстрактот од ванила и убаво измешајте. Смесата ќе биде многу густа.

Постепено се става во смесата матеницата. На крајот ставете ја топлата вода и убаво измешајте. Смесата поделете ја на два дела и ставете ја во претходно подмачкан калап за колачи.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 до 25 минути. Користете чепкалка за да бидете сигурни дека бисквитот е испечен пред да го извадите од рерна.

Изладете ги бисквитите пред да ги премачкате со филот.

За филот: измешајте обичен путер и путер од кикирики и изматете ја мазната смеса со миксер. Постепено додавајте шеќер во прав додека не добиете еднолична смеса. Додадете екстракт од ванила и млеко и сè добро измешајте.

Изладените бисквити пресечете ги на половина по ширина. Помеѓу секој слој од печениот бисквит намачкајте го кремот и ставете ги еден врз друг. Тортата ставете ја во фрижидер да се стегне пред да ја послужите. Украсете со печени парчиња кикирики.

Можеби ќе ве интересира

Комбинација за полесно дишење: Неколку природни препарати кои го зачувуваат имунитетот

M T

Комбинација која го олеснува дишењето, ги чисти белите дробови и ја смирува кашлицата

M T

Брз и лесен рецепт: СЛАТКА КОМПИР ТОРТА со многу чоколадо

M T