23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дали правилно го нанесувате парфемот?

Моќта на парфемот не треба да се потценува. Може да ги допре нашите емоции и да ни помогне да формираме спомени, како кога мирисаме колачиња, кои не враќаат во кујната на нашата баба.

„Кога парфемот има способност да предизвика емоции, тој станува дел од нашите животи. Станува дел од личноста со која другите не поврзуваат“, изјави за Vogue новинарката и авторка Клер Бингам.

Кога ќе го пронајдете вашиот мирис, се чувствувате непобедливо и имате можност да го задржите вашиот мирис во собата дури и кога ќе ја напуштите. Многумина знаат кога доаѓате по мирисот на парфемот што го користите, особено ако е впечатлив за сетилата. Парфемите се прскаат на растојание од два до четири сантиметри, два, три или четири пати поради времетраењето на мирисната нота. Во зависност од тоа каде се нанесува парфемот, може да трае цел ден или да испари за кратко време.

Парфемот е најдолготраен кога е најконцентриран. Откако ќе го најдете вашиот парфем, важно е да знаете каде да го испрскате, за неговата нота да биде реална и долготрајна на вашата кожа.

Парфемите се прскаат на пулсирачките точки, бидејќи ослободуваат топлина. Овие области помагаат полека да се ослободуваат аромите во воздухот – во текот на долг временски период.

Можеби ќе ве интересира

Десет намирници кои ја зајакнуваат моќта на вашиот мозок

M T

Многу ја прават оваа грешка: На овие места никогаш не треба да ставате парфем

M T

Богатството и среќата им се судбина: Овие 4 хороскопски знаци владеат со светот

M T