Владата предводена од СДСМ постојано презема мерки и политики што значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани. Донесен е нов пакет со 26 економски мерки, во вредност од 400 милиони евра кои ќе обезбедат заштита на животниот стандард на граѓаните и финансиска поддршка за компаниите и одржување на нивната ликвидност, соопшти СДСМ.
„ Една од клучните мерки е укинување на повластената стапка на ДДВ за основните прехранбени производи. Лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко, свежото месо, оризот и јајцата ќе бидат со нула отсто ДДВ, а маржата за овие артикли ќе биде замрзната во периодот април – јуни.
Повластената даночна стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата ќе важи до крајот на годината. За најранливите категории воведуваме ваучер во вредност од 1000 денари месечно, за период од три месеци за околу 35.000 граѓани, и истите би се користеле за купување на основни производи. Иста таква субвенција субвенции ќе добијат и околу 330.000 пензионери.
Дополнително, ја намалуваме стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин, гасно масло, течен нафтен гас и метан. Ќе се намали и акцизата на горивата врз основа на берзанските цени, а со тоа се намалува и малопродажната цена на горивата, за дизел за 10,5 денари и за бензин 11,5 денари.
Поддршка ќе добијат и домашните компании преку финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојна банка, финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства кредити за инвестирање во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, нова линија за поддршка на стопанството преку Европската инвестициска банка за зелена транзиција.
И во време на криза СДСМ го штити стандардот на граѓаните, минималната плата порасна на 18.000 денари, следува рекорден раст на пензиите, а стапката на невработеност е на историски најниски 15,2 отсто“ додаваат од владејачката партија.