13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски: Министерствата добија задолжение за кратење на непродуктивните трошења

„Една од препораките до министерствата и институциите е максимално да се рационализираат трошоците. Да не се набавува и троши се што е неопходно“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека намалувањето на трошењето не се однесува само на службените возила, туку и на трошењата за репрезентација и службени патувања.

„Сите слободни средства од министерствата и јавните претпријатија се пренаменуваат за справување со енергетскат акриза. Мора да се одржи ликвидноста на сите компании во енергетскиот сектор“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека не може да бараме од граѓаните да штедат, ако примерот не го дадат политичарите.

Можеби ќе ве интересира

Шукова: Да се формира стручен штаб за Дрисла од експерти, чадот е закана за целиот град

C +

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште нови 4 кандидати за градоначалници

C +

Филипче до Мицкоски: Зошто не дозволувате декласификација за случајот со АНБ, јавниот интерес треба да е пред сè?

C +