Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

147 санкционирани возачи во Скопје, 51 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, седум мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), 47 за непрописно паркирање…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата утрово?

ДЕСК

Апасиев поднесе тужба за Гаши за поништување на надзорната расправа за Кочани

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ: Едно лице се бори за живот, откако грубо бил претепан со тупаници и водоводџиски клешти се додека не паднал во бесознание – За двајца се очекува притвор

ДЕСК