Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски кој беше избран од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за ревизор назначил лице кое не поседува лиценца. Со назначувањето на лицето Добри Петров за внатрешен ревизор, без положен испит за внатрешен ревизор и без лиценца прекршен е Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, објави СДСМ.
Сепак, од документите што ги објави СДСМ скандалот не запира тука. Истото тоа неовластено лице, незаонски било задолжено, по налог на градоначалникот Стефковски, да врши ревизија на работата на детската градинка „Детска радост“.
Понатаму, лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо согласно Законот да го достави прво кај директорката на градинката го доставил кај градоначалникот. Врз основа на тој незаконски ревизорски Извештај, директорката на градинката потоа била разрешена.
Со ваквото однесување се покажува вистинското лице на Стефковски, но и на ВМРО-ДПМНЕ кои без почит за законите и прописите, разрешуваат со цел на нивни места да постават свои партиски војници и извршители. За таа цел спремни се своите партиски војни да ги водат и во градинките, каде што се чуваат и подучуваат нашите најмлади.