25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Во услови на безбедносна криза сфаќаме колку е значајно што сме дел од најмоќниот воено-политички сојуз -НАТО

Утрово премиерот Ковачевски се обрати до јавноста. Ковачевски рече дека безбедносната состојба во земјава е стабилна и дека не постои безбедносна закана и додаде дека Владата внимателно ја следи ситуацијата во Украина.

Премиерот Ковачевски рече дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи како члена на НАТО, ние ја уживаме и можеме да сметаме на заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз во светот.

-Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои никаква директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Владата внимателно ќе ја следи состојбата во Украина и редовно и ќе ги информира граѓаните. Воедно, граѓаните треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, ние ја уживаме, и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот. Иако нашата желба е да се избегнат ситуации како оваа, сепак, во вакви услови на голема безбедносна дестабилизација, сфаќаме колку е значајно, да сме дел од најмоќниот воено-политички сојуз. Затоа, ве уверувам, нашата земја е безбедна, рече Ковачевски во обраќањето.