„Нашата цел е сите прашања за кои се разговара со Бугарија да ги ставиме во еден сеопфатен документ, за да нема нови барања по патот и да имаме писмени гаранции кои се наши обврски, а кои бугарски“ изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Утрински брифинг“.
Тој рече дека наш интерес е детално да бидат дефинирани барањата и посведочени од ЕУ, за да можеме да ги имплементираме и кога ќе го завршиме тоа да се тргне блокадата низ сите фази од преговорите.
„Добро е опозицијата да го поддржи и да се вклучи во процесот бидејќи што и да договориме со Бугарија ќе треба време за имплементација, тоа не се случува преку ноќ. Опозицијата треба да престане со опсесијата за избори и да се фокусира и изнесе став за важните прашања“ рече Маричиќ.