23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИС

Рубљата потона: Тргувањето на Московската берза е прекинато

Сите трговски активности на Московската берза се суспендирани бидејќи рубљата и цените на акциите паднаа на долните граници поставени од берзата.

„Трговијата е прекината на сите пазари. Ќе биде дадено известување кога ќе продолжи тргувањето“, соопшти прес-службата на берзата, пренесува Тас.

Руската рубља денеска падна на рекордно ниско ниво, а еврото падна на повеќегодишното ниско ниво во однос на доларот и швајцарскиот франк по веста дека Русија извршила напад врз Украина.

Рубљата потона за дури 5,77 отсто на 86,1198 за долар. Московската берза ги прекина трговските операции на сите пазари поради падот на националната валута и цените на акциите.

Еврото ослабе за 0,84 отсто на 1,1209 долари, што е негова најниска вредност од 31 јануари. Единствената валута на еврозоната падна во однос на јапонскиот јен за 1,28 отсто на едномесечен минимум од 128,37 јени, а за 0,84 отсто во однос на швајцарскиот франк на 1,0292 франци, што е најниско ниво од мај 2015 година.

Британската фунта се покажа релативно поотпорна, лизгајќи се за 0,41 отсто на 1,3490 долари.

Индексот на американскиот долар, кој ја мери вредноста на доларот во однос на шесте главни конкуренти, порасна за високи 0,60 отсто, на 96,762 поени, првпат од 31 јануари.