23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Шкријељ: Реализиравме уште едно големо ветување, минималната плата ја зголемуваме на 18.000 денари

Изјава за медиуми, Санела Шкријељ, пратеничка:

Собранието денеска го изгласа Законот за минимална плата, со кој обезбедуваме 80.000 работници веќе од први април да добиваат минимална плата од најмалку 18.000 денари.

Ова законско решение е резултат на конструктивен и транспарентен социјален дијалог меѓу Владата, синдикатот и работодавачите.

Успеавме и во време на економска и енергетска криза да ја зголемиме минималната плата и да обезбедиме повисок животен стандард за нашите граѓани.

Грижата за работниците е наш врвен приоритет бидејќи тие се наша најголема вредност.

Затоа за само четири и пол години успеавме двојно да ја зголемиме минималната плата, којашто во 2017 година изнесуваше само 8.800 денари.

Растот на минималната плата ќе доведе до раст и на останатите плати во сите сектори.

Го поздравувам потегот на пратениците од опозицијата кои го поддржаа ова законско решение и ги повикувам да ги поддржат и Предлог-измените во Законот за наставници и стручни соработници кој овозможува повисока плата за уште 27.000 наши граѓани.

Почитувани,

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е посветено на унапредување на животниот стандард на граѓаните и во таа насока ќе продолжиме да работиме.