Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури. Во сабота попладне, во текот на ноќта и во недела претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, наместа засилен југозападен, а во недела северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневните температури. Потоа следува период на стабилно и потопло време.

Прогноза за 29.08.2025
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 30°C до 38°C

Сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 30.08.2025
Минимална температура: 10°C до 18°C
Максимална температура: 27°C до 35°C

Претпладне сончево со умерена облачност, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 31.08.2025
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно со услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК