23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Градоначалникот на Гази Баба со извештај од ревизор без лиценца разрешил директорка на градинка

Новиот градоначалник на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски непочитувајќи ги законите и назначувајќи лице без лиценца за ревизор ја разрешил директорката на градинката „Детска радост“ во неговата општина.

Веднаш по стапувањтео на фунција, градоначалникот Стефковски се заканил на директорката на градинка Анета Петровска дека ќе ја смени по Новата година, за да на 3 јануари со негово овластување испрати лице да врши ревизија на нејзиното работење.

Лицето кое без лиценца ја вршело ревизијата, ревизорскиот извештај, наместо на директорката, веќе следниот ден го доставил на градоначалникот по што тој ја повикал директорката Петровска за да ѝ каже дека ќе биде разрешена.

„Ревизорскиот извештај е изготвен паушално и општо. При проверката се утврди дека не се надминати средствата наведени во ревизорскиот извештај. Сепак, управниот одбор на градинката не го сочека мислењето на претставниците на МТСП и ја разрешија директорката Петровска“ кажа адвокатката на директорката Петровска, Златка Денковска.

Адвокатката додаде дека официјалните претставници од Министерството за труд и социјална политика повеќе од девет часа ги прегледувале документите во градинката при што утврдиле дека наводите изнесени во ревизорскиот извештај не се вистинити.

Сепак, управниот одбор на градинката не го почекал извештајот од МТСП и постапувајќи само по ревизорскиот извештај одлучиле да ја разрешат Петровска.