17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Снег вее во делови од Македонија – забрана за тешки товарни возила на Стража

Од Македонијапат известуваат дека од 14.15ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец А2 Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Денес синоптичарите најавуваат Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови (локално 15л/м2). Ќе дува умерен, на повеќе места засилен ветер од северен правец (над 60км/ч.).

Под влијание на циклонска активност и на влажен и студен воздушен бран, денес ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во јужните делови каде се очекува локално да наврнат околу 15 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува над 60км/ч. Ветровито ќе биде и преку ноќта кога врнежите ќе завршуваат повлекувајќи се кон југ и исток.