САД остануваат наш партнер и пријател на патот кој води до целосно членство на Северна Македонија во Унијата, соопшти вицепремиерот Бојан Маричиќ.
– Во рамки на 58 издание на Минхенска конференција за безбедност, која оваа година е посветена на темата „Меѓународната соработка во време на растечки кризи“, заедно со премиерот Димитар Ковачевски остваривме средба со американскиот сенатор Крис Марфи, соопшти Маричиќ.
Низ разговорот Марфи ја потврди поддршката од САД за нашите евроинтеграции и ја поздрави посветеноста на Владата во реализирањето на реформската агенда.
Од особена важност е и регионалната соработка помеѓу земјите на Западен Балкан, која се интензивира, особено во полето на диверзификација во енергетскиот сектор, рече Маричиќ.