Жалфијата е исклучително здрава, но само ако се користи како што е пропишано.
Листовите на жалфија се полни со антиоксиданси кои имаат антиинфламаторни својства и помагаат во заштитата од слободните радикали. Освен тоа, жалфијата има и антимикробни својства, поради што луѓето ја користеле како растение за дезинфекција.
Една кафена лажичка мелена жалфија содржи 10 проценти од дневната вредност на витамин К, кој е важен за здравјето на коските и против згрутчување на крвта. Исто така, ова растение има бројни хранливи материи како што се магнезиум и витамин А.
Меѓутоа, бидејќи жалфијата содржи тујон, соединение кое е токсично во големи количини, чајот од жалфија не треба да се пие секој ден.
Како правилно да се консумира чај од жалфија?
За правење чај од жалфија се препорачува да ставите две лажички жалфија во 300 мл зовриена вода и да оставите да отстои 15 минути.
Иако е горчлив, чајот од жалфија треба да се пие кога е топол, бидејќи прави чуда против болки во грлото и може да помогне во намалувањето на холестеролот.