7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ го потсети ВМРО ДПМНЕ: Мицкоски треба да даде оставка и отчет за Титаник, ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се на ниво на режимска забеганост

Соопштение на СДСМ:

Заврши времето кога институциите се злоупотребуваа за партиски цели, Северна Македонија денеска е демократска и слободна земја.

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ дека некој исклучил струја заради Мицкоски се на ниво на забагеноста со која режимот 11 години злоупотребуваше институции, гасеше струја, лифтови, местеше сообраќајки, фалсификуваше лични карти.

Тоа во суштината е и признинето на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Титаник“ и целиот криминал на режимот.

Денеска Христијан Мицкоски требаше да даде отчет за Титианик, да поднесе оставка, да се извини и да побара враќање на партите кај граѓаните.

Во однос на градоначалниците на ВМОР-ДПМНЕ јасно е дека се најнеспособните во историјата, за 100 дена не сработеа ништо, немаат ниту еден нивни проект.

Бидејќи немаат што да кажат пред граѓаните денеска дадоа отчет пред нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски.

Гледаме дека ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија со истиот начин на размислување и делување управувана од двоецот Мицкоски – Груевски.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК