23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јанкулоска, Јанакиески и Протуѓер признаа вина за „Титаник“, случај каде врхушката на ДПМНЕ беше осомничена за поткуп, злосторничко здружување, повреда на избирачкото право

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска, екс министерот Миле Јанакиески, како и поранешниот генерален секретар на Владата, Мартин Протуѓер, на денешното рочиште за случајот „Титаник“, признале вина,пренесе „Фокус“.

Тие посочиле дека превземаат одговорност од морален аспект, а инаку не се чувствувале за виновни. Признание на вина имаше и од Билјана Бришковска, како и од уште четворица од обвинетите.

Судењето за овој случај неодамна се врати од почеток, и затоа и по четири години судење, обвинетите повторно добија шанса да се изјаснат за вина. За нив постапката се раздвојува, по што ќе следуваат завршни зборови и пресуда.

Судењето пак продолжува за останатите, во фаза на доказна постапка.

Во случајот обвинети се вкупно 21 лице меѓу кои се: поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.