7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Архива
МАКЕДОНИЈА

236 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (09.02.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи. Од нив 10 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 134 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 102 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи – имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

ДЕСК

Лишено лице од слобода од скопско Мирковци, фатен како одзема нафта од училиште

ДЕСК