23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Снег низ Македонија: Некаде ќе се формира снежна покривка и до 25 см, еве какво време не очекува во текот на следните денови

Под влијание на влажен бран денес попладне ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови, каде ќе се формира нова снежна покривка(15-25см), а помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во Повардарието каде врнежите ќе бидат претежно од дожд.

Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер(над 70км/час), утре температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Прогноза за 09.02.2022
Минимална температура: -7°C до 3°C Максимална температура: 5°C до 13°C

Прогноза за 10.02.2022
Минимална температура: -8°C до 1°C Максимална температура: 9°C до 15°C

Прогноза за 11.02.2022
Минимална температура: -6°C до 2°C Максимална температура: 10°C до 16°C