Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Десет пати се намалува казната за клевета и навреда од новинари

„Законот за граѓанска одговороност за навреда и клевета се пишуваше во координација со здруженијата на новинари, Советот за етика во медиуми и останатите здруженија. Се бараше најдоборот решение и законскиот текст беше правен инклузивно“ кажа вицепремиерот за европски прашања и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека главна карактеристика на законот е дека за десет пати се намалува казната за клевета и навреда на новинари.

Маричиќ кажа дека е штета овој закон, кој носи вистинска либерализација во слободата на изразување, да добие негативно мислење поради технички пропуст.

„За овој закон се направени брифинзи и со новинари и со експерти и законското решение го доби нивниот печат во фазата на подготвување. Спремни сме да ги исправиме овие дефекти“ кажа Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА – Автобуси од Ресен, Охрид и Прилеп до Битола

ДЕСК

БОГДАНЦИ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ – Граѓаните со свеќи побараа одговорност за смртта на 17-годишната Билјана

ДЕСК

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК