22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Фото) Влатко Ѓорчев критикува дека цените на зеленчуци биле над 250 денари од килограм, но земјоделец му порача дојди во Битола да садиш пиперки, за тебе и 500 е малку

Несфатлива е “грижата” на Влатко Ѓорчев, кој кога цената на земјоделскиот труд поради криза на светскиот пазар е повисока на зеленчукот ја обвинува власта затоа што пиперки биле над 200 денари за килограм, од кои пари живеат земјоделците и им се плаќа нивниот макотрпен труд.

Само пред неколку месеци “загрижениот” граѓанин за земјоделците, Влатко Ѓорчев кој цел живот беше пратеник од ВМРО ДПМНЕ , во обид за политички поени тврдеше дека јаболката се купуваат за 2 денари килограм, со што наводно изрази загриженост за ниските цени.

Во случајов тој зборуваше за индустриското јаболко кое се собира од земја и затоа се вика индустриско, за што владата исплати дополнителни 3 денари субвенции за килограм.

И сега е нејасно за што се бори Влатко Ѓорчев, дали за подобри цени на земјоделските производи или пак за пониски. Прво бара повисоки цени и ја критикува власта за тоа, а по само неколку месеци други цени на земјоделски производи не му чинат?

Земјоделците по последниот статус на Ѓорчев, буквално распалија
– И евтино е Влатко. А и за толку ќе нема. Оти не одите бе вие пилиња во Пелагонија или струмичко да садите пиперки. А и 32 години бе пилиња ги лажете луѓено и уште ги терате цел Прилеп и Битола да се возат по оној патон шо врви низ Росоман за да стигнат до Скопје. Е па зато бе пиле. И 500 за вас е евтино. 500 треба да бидат од кило, ама со услов во јули во кола без клима да појдете до пелагонија и таму два дена на бавча да поработите, напиша граѓанин во коментар кај Ѓорчев.

Друг граѓанин пак го подучи високиот функционер на ДПМНЕ:

– Каква врска има некоја влада со цените на земјоделските производи???Никаква,но има врска со висината на минималната плата,која уште пред шест,седум години требаше да биде 20 000 денари,а сега треба да биде околу 27 ооо денари, напиша граѓанинот.