23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Со Бугарија сега дискутираме отворено за ги затвориме сите прашања

„Никогаш во билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија немало ваков интензитет на соработка и верувам дека овој пристап ќе даде резултат. Не се премолчуваат отворените прашања, отворено се дискутираме и препознаваме искрена желба за решавање“ кажа вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „360 степени“ на Алсат.

Тој додаде дека ќе треба целото општество да се мобилизира и интелектуалците и медиумите, како и парламентите од двете земји за да се дојде до точка да имаме договор.

„Вреди да се вложиме во ова, за да можеме најбрзо што може да ги затвориме сите отворени прашања“ кажа Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека државата досега пробала повеќе пристапи – и да се фокусира само на историските прашања или само на политичките прашања, но тие пристапи не дадоа успех.

„Секоја недела ќе има барем една работна група што ќе заседава. Оваа недела беше работната група за економија и трговија, наредната недела за инфраструктура, понатаму за култура, образование и европски интеграции. Работиме со бугарските колеги, бидејќи веруваме дека само со ваква динамика може да постигнеме резултат“ кажа Маричиќ