22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Почна второто полугодие, од МОН смируваат дека не е голема бројката на заразени ученици и наставници

Со физичко присуство и заштитни маски почна второто полугодие за основците и учениците од средните училишта кое беше одложено поради состојбата со коронавирусот.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, најави дека попладне ќе ја има првата информација колку од децата и наставниот кадар се заразни, но смирува дека според податоците од директорите на училиштата, не станува збор за висока бројка.

„Според комуникацијата на Министерството со директорите нема огромен број на позитивни случаи на наставници или професори и на деца. За мене поважно беше образовниот процес да почне, поважна беше информацијата од директорите дека се подготвени, поважна беше одлуката на Комисијата за заразни болести дека имаме услови за физичко присуство. Од денеска сите професори влегуваат во настава, првата информација ќе ја имаме денеска за да знаеме како се движи бројката на позитивни“, реќе Шаќири.

Во врска со барањата учениците да следат настава без заштитни маски, Шаќири одговори дека ќе има средба со сите што мислат различно, но дека сите протоколи, вклучително и носењето маски, се препораки од Комисијата и тие треба да се почитуваат.

Можеби ќе ве интересира

МОН воведува нови студентски стипендии во академската 2022-2023 година

M T

Шаќири: МОН годинава ќе реконструира четири училишта во Гостивар

M T

МОН: Одборот за евалуација на високото образование е гарант за понудата на поквалитетни, атрактивни студиски програми

M T

МОН: Почетокот на второто полугодие одложен за први февруари

M T

Со инвестиција на МОН набавено е современо концертно пијано за учениците и наставниците од државното музичко училиште во Скопје

M T

МОН: извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на 27.046 студенти

M T