8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Нашиот јазик е впишан во ОН и документите на ЕУ и за јазикот и идентитетот ниту се преговара, ниту ќе се преговара

„За јазикот и идентитетот ниту се разговара, ниту преговара, ниту ќе се преговара во иднина“, истакна премиерот Ковачевски во интервју за Националната радиотелевизија, и додаде дека во овој момент постојат само работни документи кои се разменуваат со Република Бугарија, а кои ќе бидат објавени кога ќе бидат конечни и кога ќе биде утврдена конечната рамка која ќе претставува пат до финално решавање на спорот кој го имаме со соседната земја.

Тој потврди дека во однос на самите разговори, ние имаме јасно изградени позиции во Собранието на нашата држава коешто е поддржано од сите политички партии и тие позиции се јасни и за Владата и за Собранието, политичките партии и сите граѓани.

„Нашиот јазик е јасно впишан во Обединетите нации, и исто така јасно впишан во документите на ЕУ“, кажа премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.