23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Калеска-Ванчева: Аргументите за укинување на Пржинската влада се доказ дека институциите функционираат

„Нашиот став за техничката влада е конзистентен. Апсолутно поддржуваме предлогот да дојде на дневен ред и да се отвори прашањето, по што сите треба да се согласиме. Аргументите се за укинување на Пржинската влада и со тоа покажуваме дека институциите сега функционираат, не се заробени“ кажа пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Вин вин“ на Телма.

Таа додаде дека Пржинската влада е инструмент воведен во 2016 година, бидејќи тогаш беше потребно поради партизираните и заробени институции од тогашната власт и заробената држава.

„Сите прашања поврзани со изборите, политиките и законите мора да бидат отворани и затворани во Собранието. Тоа е ставот на СДСМ од самиот почеток, но треба да постои и консензус помеѓу сите политички чинители, особено оние претставени во Парламентот“ кажа Калеска-Ванчева.

Таа потенцираше дека како и во целиот демократски свет, така и кај нас изборите треба да ги спроведува власта која е актуелна и се надева дека сите политички партии ќе го сфатат тоа и на крајот ќе се стигне до решение со консензус со вистински аргументи.