8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ му ја предаде функцијата на својот наследник Тупанчески

Маричиќ денеска во Министерството за правда ја предаде министерската функција на својот наследник проф. д-р Никола Тупанчески.

Поранешниот прв човек на Министерството за правда Маричиќ при примопредавањето на должноста, на новиот министер Тупанчески му посака среќа и успех во извршувањето на функцијата, со верување дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите кои се од круцијално значење за напредокот и евроинтеграцијата на државата.

,, Во изминатиот период со Стратегијата за реформа во правосудниот систем 2017-2022 и реализирањето на законодавната агенда направивме чекор напред во функционирањето на правосудството. Верувам дека ќе продолжи темпото на спроведување на реформите, бидејќи од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат токму од правосудството. Среќно колега” – напиша на ФБ поранешниот министер за правда Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Со ограничувањето на движењето на возилата во Дебар Маало го растеретуваме сообраќајот во населбата

ДЕСК

Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност? – прашаа од СДСМ

ДЕСК

Спроведени инспекциски контрoли во училишните и кујните во градинките

ДЕСК